ЗАНЗИБАР

Вашата Следна Незаборавна Дестинација!
Спремни сте за островот кој никогаш нема да го избришете од вашите сеќавања?
- 09.12.2024 - 17.12.2024
- 9 дена - 7 ноќи
Остров на зачините, на позитивата, на танцот и музиката и фантастичната енергија! Остров од соништата! Палми, плима и осека, кокоси, преслатко манго и ананаси, лобстер, туна и лигњи на скара, Kili пиво, бескраен тиркиз и нереално ситен, мек песок често поистоветуван со брашно, енормниот Дар ес Салаам – најголемиот град во Источна Африка, а за сите љубители и по некоја савана, крици и викотници од предатори и големата петорка (лав, леопард, носорог, слон и Африкански бивол). Ви личи на тропски остров? На далечно, несекојдневно патување? Каде ако не на Занзибар!
Каде ве сместуваме ?
Tembo B&B Apartments ****
- Stone Town, Zanzibar
Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа. Tembo B&B Apartments е хотел со 4 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Собите се со клима уред, мини бар,TV итн., а хотелот располага и со надворешен базен, ресторан, руфтоп, сопствена плажа, лежалки и др. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок)
Amaan Beach Bungalows ***
- Nungwi, Zanzibar
Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично со она што го пружа. Amaan Beach Bungalows Nungwi е хотел со 3 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со соби со сопствен тоалет, клима уред, балкон итн. Хотелот се наоѓа во прв ред од редот хотели, а располага и со надворешен базен, сопствени лежалки и чадори, ресторан, бар, масажи итн. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).
Golden Tulip Dar es Salaam City Center Hotel ****
- Dar es Salaam, Tanzania
Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично со она што го пружа. Golden Tulip Dar es Salaam City Center Hotel е хотел со 4 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот се наоѓа во центарот на Дар ес Салаам и располага со 2 елегантни ресторани, трпезарија на тераса која го одзема здивот, бар, фитнес центар, спа центар, лифт итн., а поседува и 55 елегантни соби со сопствен тоалет, клима уред, WI-FI, TV, мини бар, фен, електричен бокал … Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).
План и програма
Ден 1: Состанок на групата и поаѓање
Состанок на групата пред шалтерите на Turkish Airlines (economy class)
- Лет од Скопје за Истанбул во 08:35 (TK1004)
- Пристигнување во Истанбул во 12:15 по локално време.
- Конекција на лет за Занзибар (Zanzibar) во 19:50 (TK615)
*Напомена: Бројот на лет и времето се подложни на промени и истите патниците официјално ги добиваат една недела пред поаѓање.
Ден 2: Пристигнување на Занзибар
Слетуваме на Меѓународниот аеродром ,,Abeid Amani Karume” во Занзибар во 03:20ч. по полноќ и трансфер до сместувањето. Во хотелот во Занзибар ја плаќаме и претходната ноќ што значи веднаш по слетувањето се упатуваме кон хотел и се сместуваме.
- Факултативен излет – песочниот насип Нјанге, наш фотограф и Пловечкиот бар
Одиме на Nyange Sandbank, познат и како Nakupenda Bis!
Ова не е класичната Накупенда, ова е нашата Накупенда плус еден. Ако Накупенда беше најромантичното, Nakupenda Bis е најромантичното плус еден, најспокојното место на светов. На оддалеченост од 30-40мин. од градот, Nakupenda Bis има една од највпечатливите плажи во Занзибар и воопшто на територија на цела Африка! Нејзината спектакуларна плажа се простира низ широкиот брег на Индискиот океан, фалејќи се со прекрасен бел песок и бистри сини води. Нема подобро место во Африка што ви гарантира и ви ја потврдува вредноста на вашите вложени пари, баш како што би рекле ,,Е ова, вреди”. Совршени фотографии за кои ќе се погрижи нашиот фотограф и ќе ви помогне да имате најдобра фотографија од најдоброто место, бескраен мир, приватност, вкусна храна, добри луѓе и убава атмосфера, идеал.







Ден 3: Факултативен излет - Фармата на зачини и посета на селото Паџе






Ден 4: Факултативен излет - Prison Island, Пешачка тура низ Стоун Таун (Stone Town), посета на Swahili домаќинство и Возење со традиционален африкански минибус Дала Дала
По појадокот, се упатуваме кон Prison Island. Остров кој ги спојува историјата и природата. Ќе имате можност да ги откриете мистериите на островот, почнувајќи од неговите имиња. Островот е дом на џиновските желки Алдабра, кои кога целосно ќе го испружат вратот од под школките и ќе го подигнат нагоре, достигнуваат висина до половината на возрасен човек. Ќе имате можност да ги храните, да се фотографирате, па дури и да научите ,,финти” како да успеете да исправите една мрзелива, легната желка.
Излет на кој понираме во историјата на Занзибар, град на УНЕСКО од 2000та година. Ја посетуваме Старата тврдина (Old Fort), “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар и која прва во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт, однадвор ја посетуваме куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел, Музејот на робовите, Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира, мирис на риба, бука, ценкање, жени со садови врз главите итн…
Ручек во некои од прекрасно уредените ресторани во Стоун Таун, а ќе имате можност да го пробате и занзибарскиот специјалитет ,,Zanzibar pizza”. По факултативниот излет, трансфер до Нунгви. Она што ја прави уникатна оваа факултатива е возењето со минибусите/ камиончиња наречени ,,Дала Дала”. Тие се примарен јавен транспорт во земјата и се загарантирано едно од најдобрите афрички доживувања. По пристигнување во Нунгви, можност за плажа и сопствени активности.







Ден 5: Факултативен излет - Mnemba Island (островот на Бил Гејтс), нурќање со делфини и Nungwi Aquarium
Ако некогаш сте мечтаеле за небесен тиркиз и песок помек и од брашно, веќе сте на вистинското место! Остров со приближно триаголна форма, опкружен со гребени прогласени за морско зачувано подрачје. Идеално место за нуркање со разни видови корали, риби- меѓу кои и Dory Fish (од прочуениот цртан филм ,,Рипчето Немо”) , јата делфини (3 видови делфини), водни желки, морски ѕвезди, итн…, а доколку ни се насмевне среќата ќе имаме можност и да сведочиме на природниот феномен на плима и осека додека се покриваат или откриваат песочните насини. Самиот остров е во приватна сопственотст и може да се посети само како гостин по цена од 1600$ по лице по ноќевање, плус дополнителни трошоци за такса по ноќевање во конзерваториумот.
По факултативниот излет кој се води како Half Day Trip, слободно време наменето за уживање на нашата плажа во Нунгви. Слободни активности, капење, можност за скијање на вода, парасејлинг, бордање на вода, кајт сурф, ловење риба во длабоки води итн … пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата. Во зависност од апетитите на групата, можност за излегувања во ноќните клубови, дискотеки, барови и ресторани.







Ден 6: Факултативен излет - Училиштето во Фукучани, Сината Лагуна и морските ѕвезди, Baladin Resort 5*, Kae Funk Beach Bar
На пат кон Сината Лагуна, застануваме во посета на училиштето во Fukuchani, каде ќе доживеете коктел од емоции. Ќе имаме можност да видиме како изгледа Swahili градинка, како учат дечињата, на која возраст се, колку ученици брои една паралелка, како изгледа нивната настава итн. Она што го прави човекот посебен, е неговата човечност, добродушност и дарежливост. За сите Вас, кои сте расположени и спремни да направите нечиј ден посебен супер би било доколку понесете по некоја тетратка, прибор, играчка, бонбони или нешто, што мислите дека би го израдувало едно дете. Ќе имате прилика директно да ги врачите вашите подготвени работи, да се дружите, да пеете, па дури и да се фотографирате со најмалите ученици.
Пристигнуваме на плажата Pingwe. Фото стоп пред светски познатиот, а воедно и најпознатиот ресторан на Занзибар- The Rock Restaurant, на листата на Michelin Star Restaurants! Започнуваме со пливање по познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon), земаме опрема, маска и цевка за нуркање и го разгледуваме подводниот свет на островот. Црвени, зелени, портокалови, виолетови, сиви се само дел од морските ѕвезди кои стојат прилепени на океанското дно, но она што е фасцинантно е дека тие се на дофат по само кратко нуркање! Доколку имате гумени/платнени сандали за во вода и камерче GoPro ова е вистинско место да ги искористите! Се фотографираме, се капеме, нуркаме, совршено искуство меѓу купот морски ѕвезди и прекрасниот тиркиз! Google photos и Instagram reels, сега се реалност! По нашата авантура, време е за релаксација!
Многумина кога помислуваат на Занзибар, мислат токму на ова. Сместен на бреговите на полуостровот Мичамви, со поглед кон блескавите сини води, Baladin Resort 5*, е вистинско засолниште на луксуз и релаксација. Гостите може да уживаат во вкусните оброци во ресторанот, да се релаксираат со освежителен пијалок во барот и да уживаат во сонцето додека лежат околу базенот за време на нивниот престој. Ви нудиме уникатна и извонредна дестинација, недопрена плажа, гостопримство од светска класа, внимателно уреден декор, меѓународни кулинарски задоволства, елегантно и вистинско бегство на живописниот брег на Занзибар.
Посебно значење му придаваме на бич барот Кае Фанк каде го дочекуваме најцрвеното зајдисонце проследено со логорски оган и акробатско шоу. Се дружиме и учиме да ја танцуваме надалеку познатата ,,Јерусалема”, пиеме коктели, пива, се фотографираме, совршен ден на Занзибар. Полни со позитивна енергија се враќаме во сместувањето.






Ден 7: Факултативен излет - Енормниот Дар ес Салаам и ден предвиден за плажа
- Лет од Занзибар за Дар ес Салаам со времетраење од 15-20мин.
По пристигнувањето на Меѓународниот аеродром ,,Julius Nyerere” во Дар ес Салаам, ден предвиден за уживање и активности кои ќе ги договорите со претставникот на дестинација. Во зависност од апетитите на групата имаме опција денот да го поминеме во најпознатиот бич бар во Танзанија. Барот нуди плажа, капење, забава, оброци и пијалоци, а она што го прави барот посебен е фантастичниот ентериер, музика, бенд, дј, денсери и присуството на разни Танзаниски селебрити. Ова е авантура која дефинитивно не се пропушта, а во договор со нашиот претставник ќе имате можност да видите како се подготвува и да го вкусите Тансанискиот специјалитет- касава сервирана со чили, салата, шекерна трска, мишкаки ражничи итн… Вајбот на ова место е нешто уникатно, а вашата приказна ќе ја збогатите со едно посетено место плус, копно Танзанија! Во вечерните часови, можност за излегување во некои од вечерните барови, клубови, ресторани итн … Ноќевањe
*Претпочитаме авионски транспорт на релација Занзибар-Дар ес Салаам-Занзибар со некоја од локалните авиокомпании, но доколку времето и капацитетот на летот е пополнет во тој случај користиме Fast ferry и времетраењето на бротскиот транспорт е 1h30min.









Ден 8: Факултативен излет – Енормниот Дар ес Салаам
Појадуваме, правиме check-out и се упатуваме кон аеродромот ,,Julius Nyerere” во Дар ес Салаам. Утрото, лет од Дар ес Салаам за Занзибар. По пристигнување во Занзибар, слободно време наменето за уживање на нашата плажа во Нунгви. Слободни активности, капење, можност за скијање на вода, парасејлинг, бордање на вода, кајт сурф, ловење риба во длабоки води итн … пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата. Заедничка вечера и подготвени за поздравување со нашата нова незаборавна дестинација.
*НАМПОМЕНА: За патниците кои не одат на факултативниот излет Дар ес Салаам –
Појадуваме, правиме check-out и куферите ги оставаме во собата за багаж. Со вас понесете средства за хигиена и облека која би ја носеле по пат, така што по завршувањето со плажа/базен ќе може да се подготвите за патување.
Ден 9: Враќање и крај на патувањето
- Лет од Занзибар до Истанбул во 05:35ч. (ТК 0567)
- Пристигнување во Истанбул во 13:40ч. по локално време
- Преседнување на лет за Скопје (ТК 1005) во 20:15ч. по локално време
- Пристигнување во Скопје во 19:45ч.
- Крај на патувањето
Можност за еднодневно сафари во Националниот парк Микуми (one day trip by flight)
*цената на сафарито не влегува во пакетот факултативни излети и истата изнесува 350-370USD во зависност од бројот на заинтересирани патници. Овој факултативен излет може да го изведете на деновите предвидени за слободни активности.








Цени и услови
Што е вклучено во цената ?
- Комплетна организација и услуги од претставникот на агенцијата на дестинацијата
- Авионски билет на релација Скопје-Занзибар-Скопје во економска класа со вклучен багаж 1 x 8kg рачен багаж со максимални димензии (23 x 40 x 55cm) и 2x23 kg чекиран багаж со авиокомпанијата Turkish Airlines
- Сместување во двокреветни соби на база 3 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотел Tembo B&B Apartments 4⭐ (по локална категоризација) во Стоун Таун, Занзибар
- Сместување во двокреветни соби на база 4 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотел Amaan Beach Bungalows 3⭐ (по локална категоризација) во Нунгви, Занзибар
- Сите трансфери од аеродром до хотел, од хотел до аеродром и меѓу градовите по планот и програмата на патување
ПРОМО Цена
f-
Промотивната цена важи до 15.10.2024
РЕГУЛАРНА Цена
сВо цената НЕ е вклучено
- Доплата за еднокреветна соба
- Индивидуални трошоци
- Еко такса во хотелите во кои се сместуваме: Tembo B&B Apartments- 5$ (по лице по ноќевање) и Amaan Beach Bungalows- 4$ (по лице по ноќевање)
- Факултативни излети и влезници
- Меѓународно патничко-здравствено осигурување
- Виза за Танзанија 50$ (се плаќа при влез во земјата)
SAFARI NJEMA! (Have a good trip) 😊
