КЕНИЈА

Вашата Следна Незаборавна Дестинација!

Не дозволувајте да ви раскажуваат, сведочете на театарот на дивината и топлите тиркизни води на Индискиот Океан

Оваа есен ве носиме на ,,најдобрата дестинација за сафари во светот”, титула признаена од World Travel Awards во 2015г., официјално и неспорно на пиедесталот! Каде, ако не во Кенија!

Започнуваме од главниот град на Кенија, градот на хармонична рамнотежа помеѓу урбаното и природното, енормниот Наироби. Дали сте знаеле дека Наироби е единствениот град во светот кој има национоален парк во него? На само 10 километри од центарот на градот, замислете носорози, лавови, жирафи, биволи, антилопи, разни птици итн … кој со електрична ограда го дели дивиот свет од метрополата. Во Наироби го посетуваме Центарот за жирафи, каде ги храниме, се фотографираме од близу со овие мили животни, а покрај прекрасните хотели, локали, ресторани, барови, автомобили, ќе се соочите и со квартот со екстремна сиромаштија, најголемата сиромашна населба во Африка и 3та по големина во светот, областа Кибера. Продолжуваме кон Момбаса, oдиме во посета на Mombasa Old Town, ја посетуваме ,,Fort Jesus”, која од 2011та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, се фотографираме и дознаваме од што се направени и што симболизираат прочуените Mombasa Tusks познати како Pembe Mbili (слонови заби), а по интересната историја и прочуените знаменитости се упатуваме кон плажата со свилен бел песок, топли тиркизни води и улички обложени со палми. Која ако не Diani Beach! Уживаме во најтиркизните води на Индискиот океан, се сончаме, јаваме камили на плажа, а на прашањето што е добро да се јаде, одговорот е ,,Морско”!

Кога мислиме на историја и одмор, мислиме на Ламу. Сеуште познат и како Афричката Мека, се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Она што го прави островот уникатен е главното превозно средство- магарињата, а островот поседува само 2 автомобила. Да дојдеш во Ламу, а да не го доживееш фасцинантното зајдисонце, е исто како да не си бил. Во ресортот во кој ве сместуваме ќе се чувствувате како да сте единствените туристи и како целиот остров да е само за вас. Нашиот The Majlis Resort, егзотичниот хотел на плажа со привлечна архитектура и луксуз, нуди панорамски поглед на островот Ламу и на плажата Ras Kitau. Луксузните лежалки, базени, ресторани, барови и самиот ентериер на ресортот ви даваат ,,5*experience”. Од Ламу слетуваме во Малинди, и одиме во посета на Столбот на Васко де Гама, кој бил подигнат во 1498 или 1499 година, а тој е познат по тоа што е првиот кој отпловил од Европа до Индија заокружувајќи го африканскиот рт на Добра Надеж.

Деновите на ова патување ќе бидат исполнети со сончање, плажа, кино на платно, капење во тиркизните води на Индискиот Океан, возење Jet Ski, јавање камили на плажа, возење Баги или АТV возила на плажа т.н. Quad Bikes, свежа морска храна, вкусни десерти, вина, коктели, пива, препознатливото Kilimanjaro кафе и чај, луди и незаборавни забави, дискотеки, барови, типична aфриканска музика и танци, хранење и фотографирање со највисоките животни на планетата Земја, стари градби, квартови и знаменистости- слики како од некој историски учебник, а од друга страна луксузни ресорти, базени, ресторани и тоа сѐ на едно патување и доживување.  Ќе имаме можност за посета на сафари, искуство ни повеќе ни помалку слично на сцените од ,,The Lion King”. Токму и кениските националните паркови се инспирација за сцените на величенствениот ,,Кралот Лав”.

Каде ве сместуваме ?

Kingfisher Nest ****

Kingfisher Nest е хотел со 4 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, клима уред, TV, сеф, електричен бокал и др., а хотелот поседува и infinity pool на кровот од хотелот со лежалки, бар и интересно уредени колоритни сепариња, објекти за рекреација и вежбање, ресторан итн. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок). Локацијата на хотелот е во срцето на најпознатата населба Westlands, област во која живеат кениските билионери и богаташи.

Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space ****

Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space е хотел со 4 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, клима уред, фрижидер, сеф, балкон, надворешен базен со лежаи, луксузни лежалки, спа, фитнес центар итн. Покрај класичните соби, хотелот поседува и апартмани кои имаат капацитет за до 8 гости. Хотелот се наоѓа на самата плажа во Момбаса, Nyali Coast. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Факултативни излети

Salt Lick Safari Lodge *****

Salt Lick Safari Lodge е хотел со 5 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, бањарки, фен, електричен бокал, дигитален сеф, итн. Услугата е на база полн пансион. Сместени во срцето на Taita Hills, со поглед кон водената дупка и огромните рамнини Цаво.

The Majlis Resort *****

Сместувањето е во The Majlis Resort 5* по локална категоризација. Хотелот располага со 39 прекрасно уредени, климатизирани апартмани и луксузни соби, 3 ресторани со италијански, индиски и свахили јадења, 4 барови (Terrace Bar, Pool Bar, Beach Bar, Sunset Bar), 3 базени со панорамски поглед на морскиот брег, wellness center, двокреветни соби со клима уред, мини фрижидер, сеф итн. Услугата е на база полупансион.

План и програма

Ден 1: Состанок на групата и поаѓање

*Напомена: Бројот на лет и времето се подложни на промени и истите патниците официјално ги добиваат една недела пред поаѓање.

Ден 2: Пристигнување во Наироби

Слетуваме на Меѓународниот аеродром ,,Jomo Kenyatta” во Наироби веднаш по полноќ, односно во 01:40ч и трансфер до сместувањето. Во хотелот во Наироби (Nairobi) ја плаќаме и претходната ноќ што значи веднаш по слетувањето се упатуваме кон хотел и се сместуваме. По појадокот, ден предвиден за главниот град Наироби. Тргнуваме кон ,,Центарот за жирафи” каде од прва рака ќе имате можност да го запознаете загрозениот вид жирафи ,,Rothschild”. Ги набљудуваме овие нежни животни и влегуваме во интеракција со нив, ги храниме, ги галиме, се фотографираме итн… По времето поминато со жирафите, одиме во посета на најголемиот сиромашен урбан кварт на територијата на Африка, областа Кибера! Ќе имаме можност да видиме како живее едно семејство, да се запознаеме со историјата, економијата, географијата, населението на овој кварт, да ја видиме железничката пруга и да прошетаме долж неа, ќе ја посетиме групата ,,Моќни жени”, кои учат да го уредуваат домот, облеката и во целост да ја засилат независноста на жената, а потоа ќе го посетиме и ,,Центарот за коски” каде се рециклираат коски од крави, камили, кози, овци, за да се произведат готови производи како детски играчки, накит итн… За сите Вас, кои сте расположени и спремни да направите нечиј ден посебен супер би било доколку понесете по некоја играчка, школски прибор, бонбони, облека, обувки, или нешто, што мислите дека би го израдувала една личност. Сето ова, ќе ве натера д а сфатите и да почнете да размислувате на еден поинаков начин … Можеби суштината на животот е навистина во малите нешта, можеби навистина малку треба за да се биде среќен.

Ден 3: Пристигнување во Момбаса и слободен ден за уживање и сопствени активности

Слободно време наменето за уживање на нашата плажа Nyali на која што излегуваме директно од нашиот хотел. Слободни активности, капење, јавање камили на плажа, возење Баги и АТV возила на плажа т.н. Quad Bikes, пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата. Во организација на нашиот хотел, во вечерните часови можност за кино на платно на плажа. Во зависност од апетитите на групата, можност за излегувања во ноќните клубови, дискотеки, барови и ресторани.

Ден 4: Факултативен излет – Сафари, Национален парк Цаво Исток

Авантурата може да започне! Тргнуваме кон дивите и сончеви рамнини на Националниот парк ,,Цаво Исток”. Паркот може да се пофали со најголема популација на слонови во Кенија и има впечатлива глетка која треба да се совпадне со убавините на водопадите Лугард, браната Дам, карпата Муданда (розово-црвена карпа, со значителни парчиња природни скали), мочуриштето Кандери итн. Лавови, група слонови, зебри, жирафи, крокодили, нилски коњи, носорози, леопарди, сомалиски ној, геренук- се само дел од животните кои слободно се движат во своето природно окружување на само неколку метри од нас. По возењето во нашите сафари џипови, нашите возачи нè носат во уникатниот хотел, загарантиран ,,experience once in a life”. Како ви звучи ако ви кажеме дека под вашата тераса слободно шетаат групи слонови, зебри, мајмуни? Дека понекогаш навечер се слушаат крици и викотници од животни? Време е за одмор, вкусен оброк и ексклузивни фотографии. Ноќевање.

*Сите патници кои нема да одат на факултативниот излет Сафари, остануваат во Момбаса во нашиот хотел Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space.

**Напомена: Факултативниот излет трае 2 дена. За таа цел, препорачуваме рачен багаж во кој ќе може да ги спакувате сите потребни работи предвидени за овие два дена. Од безбедносни причини, Salt Lick Safari Lodge не дозволува сместување на деца на возраст под 5 години. Услугата е на база полн пансион.

Ден 5: Факултативен излет- Сафари, Национален парк Цаво Исток

Додека одмарате и го пиете вашето кафе со поглед кон дивината, милувајќи ве топлото ветре и зраците на срамежливото сонце, испишувате нови спомени во прекрасната Кенија. Подготвени ги чекаме нашите возачи за уште една адреналинска прошетка меѓу дивиот свет на Африка. Добредојдовте во ,,театарот на дивината”! Глетката на слоновите како се валкаат низ црвената прашина, се тркалаат и прскаат едни со други со водите на реката Галана, една од најевокативните слики во Африка! Заедно со висорамнината Јата долга 300км, најдолгиот тек на лава во светот, создаваат приказна која не е слична на една друга на светот. Птичјиот живот има регистрирано само 500 различни видови. Додека лавот гордо шета, леопардаот на дрво демне, нилскиот коњ со очите суптилно ѕирка, а крокодилот перфектно стациониран трпеливо го чека својот ,,catch of the day”. И не е чудо за разновидноста и многубројноста на дивиот свет со оглед на фактот дека Цаво зафаќа површина од 13.747км2, прогласен за најголем и најстар национален парк во Кенија! Совршен ден на сафари! Враќање во Момбаса. Ноќевање.

Ден 6: Факултативен излет- стариот град Момбаса и плажата Диани

Одиме на печашка тура низ Стариот град Момбаса, населен со мешавина од свахили, арапски, азиски, португалски и  британски доселеници. ,,Fort Jesus” е најпопуларната туристичка атракција на Момбаса, како доказ за првиот успешен обид на западна сила да воспостави влијание врз трговијата со Индискиот Океан. Тврдината била изградена во форма на човек (гледано од воздух) и се смета за ремек-дело на доцното ренесансно воено утврдување. Се фотографираме и дознаваме од што се направени и што симболизираат прочуените Mombasa Tusks познати како Pembe Mbili (слонови заби), а по интересната историја и прочуените знаменитости поаѓаме кон Diani Beach. Плажата Диани, долга околу 17км, ја носи титулата на ,,една од најголемите дестинации за водени спортови во Источна Африка”. Скијање на вода, кајак, сурфање, веслање, нуркање- без оглед на вашите вештини и искуство, сигурни сме дека ќе најдете по нешто да искусите, да се забавувате и да фотографирате без разлика дали тоа ќе бидат профи или само кул фотки. За нашите туристи предвидено време за плажа, капење и слободни активности, а за нашите авантуристи можност за јавање камили на плажа, возење ,,jet ski”, kitesurf итн. Уникатниот бел песок што ја краси прекрасната плажа, е заслепувачки бел и ултра-фин, кој за време на осека, може да се протега и до 150 метри.

Ден 7: Слободен ден за уживање и сопствени активности

Слободно време наменето за уживање на нашата плажа Nyali на која што излегуваме директно од нашиот хотел. Слободни активности, капење, јавање камили на плажа, возење Баги и АТV возила на плажа т.н. Quad Bikes, пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата. Во организација на нашиот хотел, во вечерните часови можност за кино на платно на плажа. Во зависност од апетитите на групата, можност за излегувања во ноќните клубови, дискотеки, барови и ресторани.

Ден 8: Факултативен излет- Афричката Мека ,,островот Ламу’’ и Столбот на Васко де Гама во Малинди

По појадокот, check-out од хотелот и трансфер до аеродромот во Момбаса. Утрото, лет од Момбаса до Ламу со времетраење од 40мин. Кога мислиме на историја и одмор, мислиме на Ламу. Она што го прави островот уникатен е главното превозно средство- магарињата, а островот поседува само 2 автомобила. Пешачиме и го разгледуваме стариот град, дознаваме за неговата историја, тесните улички итн. Уникатно и приватно искуство меѓу прекрасните и историски острови на северниот кениски брег и можност за разглед на островите Манда, Пате, селото Шела итн. Далеку од гужви, метеж, брз живот и притисок, љубезни локалци и безброј поздарви за топло добредојде. Кога велиме релаксација, мислиме на Majlis Resort! Во ресортот во кој ве сместуваме ќе се чувствувате како да сте единствените туристи и како целиот остров да е само за нас. Егзотичниот хотел на плажа со привлечна архитектура и луксуз лоциран на островот Манда во архипелагот Ламу, нуди панорамски поглед на островот Ламу и на плажата Ras Kitau. Луксузните лежалки, базени, ресторани, барови и самиот ентериер на ресортот ви даваат ,,5*experience”.

*Сите патници кои нема да одат на факултативниот излет Ламу/Малинди, остануваат во Момбаса во нашиот хотел Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space, и утредента имаат вечерен лет на релација Момбаса-Наироби

**Напомена: Факултативниот излет трае 2 дена. Сите патници кои одат на факултативата, по нејзиното завршување имаат лет на релација Малинди-Наироби. Услугата е на база полупансион.

Ден 9: Факултативен излет- Афричката Мека ,,островот Ламу’’ и Столбот на Васко де Гама во Малинди

Слободно време наменето за релаксација во нашиот ресорт и плажата Ras Kitau. Уживаме на луксузните лежалки, базени, ресторани, барови и самиот ентериер на ресортот. Попладневен лет од Ламу до Малинди со времетраење од 20мин. По слетувањето на аеродромот во Малинди, одиме во посета на Столбот на Васко де Гама, подигнат во 1498 или 1499 година од истоимениот истражувач. Васко Де Гама е првиот, кој успеал да отплови од Европа до Индија заокружувајќи го африканскиот рт на Добрата Надеж. Додека ја разгледуваме возбудливата Кенија, наближуваат часовите и крајот на нашето патување. И не чудете се, не беше сон, сето ова беше жива вистина и едно ново поглавје во вашата книга наречена ,,Живот”. По завршување со факултативата, вечерен лет Малинди-Наироби.

Ден 10: Враќање и крај на патувањето

*Напомена: Бројот на лет и времето се подложни на промени и истите патниците официјално ги добиваат една недела пред поаѓање.

Цени и услови

Сместување

Kingfisher Nest / Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space

Што е вклучено во цената ?

ПРОМО Цена

до 20.11.2024
1099
  •  
ПОПУЛАРНО

РЕГУЛАРНА Цена

с
1299
  •  

Во цената НЕ е вклучено

  • Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро. При пријавување се уплаќа депозит 50% од цената на аранжманот. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.

  • Потребно е вашата патна исправа да има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање од патувањето и да има најмалку две празни страници. Во моментот на резервирање на вашето патување, потребно е да се испратат на емаил скенирана првите две страници од патна исправа.

Факултативни излети:

* Во цената Кенија – пакет излети влегуваат:
– Mombasa Old Town + Diani Beach
– Центарот за жирафи и областа Кибера

*Напомена: Факултативниот излет Сафари и факултативниот излет Ламу/Малинди, не влегуваат во пакетот излети

*Поради ограничениот број места и интерните локални летови, потребна е пријавата на факултативни излети да ја извршите писмено на email, најдоцна една недела по пријавата за патување

*Вакцина за жолта треска (Yellow Fever) не е потребна, но доколку сте ја примиле понесете го Сертификатот со вас.

SAFARI NJEMA! (Have a good trip) 😊

Scroll to Top