КЕНИЈА




Луксузно патување во срцето на Африка!
Од Плажа до Сафари – Сѐ што ти треба во една цена. Луксузот чека – Кенија ве повикува!
- 07.09.2025 – 16.09.2025
- 10 дена - 9 ноќи
Ова лето ве носиме на ,,најдобрата дестинација за сафари во светот”, титула признаена од World Travel Awards во 2015г. , официјално и неспорно на пиедесталот! Каде, ако не во Кенија!
Дали сте знаеле дека Кенија …
1. Ги чува некои од најстарите човечки фосили на пр.Turkana Boy (стар околу 1,5 милиони години)
2. Првата Африканка која добила Нобелова награда за мир е родена во Кенија
3. Многу од најдобрите светски тркачи се токму од Кенија (донесени околу 35 златни олимписки медали)
4. Има 535км крајбрежје
5. Најголемиот извоз, е извозот на чај (околу 1,6 милијарди долари во 2022 година)
6. Национално животно е лавот кој симболизира храброст и сила
7. Планината Кенија е втора највисока планина во Африка, надмината само од Килиманџаро
8. Располага со 50 национални паркови и резервати
9. Меѓу 5-те најголеми светски извозници на цвеќе
10. Вкупна популација = 56 милиони жители, со главен град Наироби (преку 5 милиони жители)
Како изгледа нашето патување?
Слетуваме во главниот град на Кенија, градот на хармонична рамнотежа помеѓу урбаното и природното, Зелениот град на сонцето, енормниот Наироби каде ќе искусите прекрасни хотели, локали, ресторани, барови. Потоа продолжуваме кон Момбаса, град наречен ,,Остров на војна”, заради бројните промени на власта над овој град. Не е чудо што градот е центар на туризмот во овој регион поради добрата местоположба, меѓународниот аеродром и големото пристаниште поврзувајќи ја Африка со Блискиот Исток, Индија и Кина. Одиме во посета на Mombasa Old Town, се фотографираме и дознаваме од што се направени и што симболизираат прочуените Mombasa Tusks познати како Pembe Mbili (слонови заби), а по интересната историја и прочуените знаменитости се упатуваме кон плажата со свилен бел песок, топли тиркизни води и улички обложени со палми. Која ако не Diani Beach! Уживаме во најтиркизните води на Индискиот океан, се сончаме, јаваме камили на плажа, а на прашањето што е добро да се јаде, одговорот е ,,Морско”! Свежата морска храна е нешто кое ви го препорачуваме без двоумење.
Кога мислиме на историја и одмор, мислиме на Ламу. Сеуште познат и како Афричката Мека, се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО поради 3 критериуми:
- Архитектурата и урбаната структура на Ламу ги демонстрираат културните влијанија што се собирале во текот на неколку стотици години од Европа, Арабија и Индија
- Растот и падот на поморските пристаништа на источноафриканскиот брег и интеракцијата помеѓу Арапите, Персијците, Индијците и Европејците претставуваат значајна економска и културна фаза во историјата на Ламу
- Привлечноста на Ламу за голем број научници и учители
Она што го прави островот уникатен е главното превозно средство- магарињата, а островот поседува само 2 автомобила. Далеку од гужви, метеж, брз живот и притисок, љубезни локалци и безброј поздарви за топло добредојде. Кога велиме релаксација, мислиме на Majlis Resort! Во ресортот во кој ве сместуваме ќе се чувствувате како да сте единствените туристи и како целиот остров да е само за нас. Пиете кафе, јадете свежо тропско овошје со поглед во кристално чистите води на Индискиот океан, креирајќи одлични спомени и ,,топ фотки” за инста стори. Егзотичниот хотел на плажа со привлечна архитектура и луксуз лоциран на островот Манда во архипелагот Ламу, нуди панорамски поглед на островот Ламу и на плажата Ras Kitau. Луксузните лежалки, базени, ресторани, барови и самиот ентериер на ресортот ви даваат ,,5*experience”.
Деновите на ова патување ќе бидат исполнети со сончање, плажа, капење во тиркизните води на Индискиот Океан, возење Jet Ski, јавање камили на плажа, вожња со АТV возила на плажа т.н. Quad Bikes, свежа морска храна, вкусни десерти, вина, коктели, пива, препознатливото Kilimanjaro кафе и чај, луди и незаборавни забави, дискотеки, барови, типична Африканска музика и танци, хранење и фотографирање со највисоките животни на планетата Земја, стари градби, квартови и знаменистости- слики како од некој историски учебник, а од друга страна луксузни ресорти, базени, ресторани и тоа сѐ на едно патување и доживување.
Ќе имаме можност за посета на сафари, искуство ни повеќе ни помалку слично на сцените од ,,The Lion King”. Токму и кениските националните паркови се инспирација за сцените на величенствениот ,,Кралот Лав”. Багрем, грмушки, цврсти палми, кениска маслинка,,,Big Five”- големата петорка, ,,Kingfisher Birds”, лавови кои само што зграбиле некој плен, растрчани зебри и жирафи, носорози кои безгрижно шетаат во своето природно окружување далеку од очите на ловокрадците. Уште една незаборавно поглавје од вашата книгата низ Африка.
Каде ве сместуваме ?
Hotel Mokka City ****
- Nairobi, Kenya
Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа. Mokka City е хотел со 4 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, клима уред, TV, сеф, електричен бокал и др., а хотелот поседува и бар, ресторан, конференциски сали итн. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок). Локацијата на хотелот е во срцето на Наироби, па така ќе имате многу побрз пристап до локациите кои ни се предвидени.
Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space ****
- Mombasa, Kenya
Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично со она што го пружа. Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space е хотел со 4 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, клима уред, фрижидер, сеф, балкон, надворешен базен со лежаи, луксузни лежалки, итн. Покрај класичните соби, хотелот поседува и апартмани кои имаат капацитет за до 8 гости. Хотелот се наоѓа на самата плажа во Момбаса, Nyali Coast. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).
Salt Lick Safari Lodge *****
- Tsavo National Park, Kenya
Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа. Salt Lick Safari Lodge е хотел со 5 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, бањарки, електричен бокал итн. Услугата е на база полн пансион.
Факултативни излети
The Majlis Resort *****
- Lamu, Kenya
Сместувањето е во The Majlis Resort 5* по локална категоризација. Хотелот располага со 39 прекрасно уредени, климатизирани апартмани и луксузни соби, 3 ресторани со италијански, индиски и свахили јадења, 4 барови (Terrace Bar, Pool Bar, Beach Bar, Sunset Bar), 3 базени со панорамски поглед на морскиот брег, wellness center, двокреветни соби со клима уред, мини фрижидер, сеф итн. Услугата е на база полупансион.
План и програма
Ден 1: Состанок на групата и поаѓање
- Лет од Солун за Истанбул во 09:30 (TK1882)
- Пристигнување во Истанбул во 11:05 по локално време.
- Конекција на лет за Наироби (Nairobi) во 19:00 (TK0637)
*Напомена: Бројот на лет и времето се подложни на промени и истите патниците официјално ги добиваат еден ден пред поаѓање.
Превоз
Авио билет со сите такси на релација Солун – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со
1 x 8kg рачен багаж со максимални димензии (23 x 40 x 55cm) и 2x23 kg чекиран багаж
Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Наироби (Turkish Airlines), во економска класа со
1 x 8kg рачен багаж со максимални димензии (23 x 40 x 55cm) и 2×23 kg чекиран багаж
Ден 2: Пристигнување во Наироби
Слетуваме на Меѓународниот аеродром ,,Jomo Kenyatta” во Наироби веднаш по полноќ, односно во 01:50ч и трансфер до сместувањето. Во хотелот во Наироби (Nairobi) ја плаќаме и претходната ноќ што значи веднаш по слетувањето се упатуваме кон хотел и се сместуваме. Утрото, по појадокот трансфер хотел-аерором и лет на релација Наироби-Ламу.
- Факултативен излет - Афричката Мека ,,островот Ламу’’
Кога мислиме на историја и одмор, мислиме на Ламу. Она што го прави островот уникатен е главното превозно средство- магарињата, а островот поседува само 2 автомобила. Да дојдеш во Ламу, а да не го доживееш фасцинантното зајдисонце, е исто како да не си бил. Уникатно и приватно искуство меѓу прекрасните и историски острови на северниот кениски брег и можност за разглед на островите Манда, Пате, селото Шела итн. Далеку од гужви, метеж, брз живот и притисок, љубезни локалци и безброј поздарви за топло добредојде. Кога велиме релаксација, мислиме на Majlis Resort! Во ресортот во кој ве сместуваме ќе се чувствувате како да сте единствените туристи и како целиот остров да е само за нас. Пиете кафе, јадете свежо тропско овошје со поглед во кристално чистите води на Индискиот океан, креирајќи одлични спомени и ,,топ фотки” за инста стори. Егзотичниот хотел на плажа со привлечна архитектура и луксуз лоциран на островот Манда во архипелагот Ламу, нуди панорамски поглед на островот Ламу и на плажата Ras Kitau. Луксузните лежалки, базени, ресторани, барови и самиот ентериер на ресортот ви даваат
,,5* experience”.
*Сите патници кои нема да одат на факултативниот излет ,,островот Ламу”, деновите ги поминуваат во сопствена режија во нашиот хотел Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space во Момбаса.
**Напомена: Факултативниот излет трае 2 дена.
Превоз
Авио билет со сите такси на релација Наироби – Ламу, во економска класа (за патниците кои одат на факултативниот излет)
или
Авио билет со сите такси на релација Наироби – Момбаса, во економска класа (за патниците кои не одат на факултативниот излет)








Ден 3: Факултативен излет - Афричката Мека ,,островот Ламу’’
- Попладневен лет од Ламу до Момбаса со времетраење од 40мин.
Слободно време наменето за релаксација во нашиот ресорт и плажата Ras Kitau. Уживаме на луксузните лежалки, базени, ресторани, барови и самиот ентериер на ресортот закитен со Michelin ѕвезди. Попладневен лет од Ламу до Момбаса со времетраење од 40мин. По слетувањето на аеродромот во Момбаса, трансфер до нашиот хотел и слободно време за одмор и релаксација.





Ден 4: Момбаса и слободен ден за уживање и сопствени активности
Слободно време наменето за уживање на нашата плажа Nyali на која што излегуваме директно од нашиот хотел. Слободни активности, капење, јавање камили на плажа, возење Баги и АТV возила на плажа т.н. Quad Bikes, пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата. Во организација на нашиот хотел, во вечерните часови можност за кино на платно на плажа. Во зависност од апетитите на групата, можност за излегувања во ноќните клубови, дискотеки, барови и ресторани.





Ден 5: Факултативен излет - Mombasa Old Town и Diani Beach
Додека одмарате и го пиете вашето кафе со поглед кон сините води на Индискиот Океан, милувајќи ве топлото ветре и зраците на срамежливото сонце, испишувате нови спомени во прекрасната Кенија. Одиме во посета на прочуените Mombasa Tusks познати како Pembe Mbili (слонови заби), кои датираат од 1952 година, изградени да ја прослават официјалната посета на кралицата Елизабета II и да бидат знак на почит и љубов за гостопримство. По интересната историја, поаѓаме кон Diani Beach. Плажата Диани, долга околу 17км, ја носи титулата на ,,една од најголемите дестинации за водени спортови во Источна Африка”. Скијање на вода, кајак, сурфање, веслање, нуркање- без оглед на вашите вештини и искуство, сигурни сме дека ќе најдете по нешто да искусите, да се забавувате и да фотографирате без разлика дали тоа ќе бидат профи или само кул фотки. За нашите туристи предвидено време за плажа, капење и слободни активности, а за нашите авантуристи можност за јавање камили на плажа, возење ,,jet ski”, kitesurf итн. Уникатниот бел песок што ја краси прекрасната плажа, е заслепувачки бел и ултра-фин, кој за време на осека, може да се протега и до 150 метри.







Ден 6: Слободен ден за уживање и сопствени активности
Слободно време наменето за уживање на нашата плажа Nyali на која што излегуваме директно од нашиот хотел. Слободни активности, капење, јавање камили на плажа, возење Баги и АТV возила на плажа т.н. Quad Bikes, пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата. Додека се поздравуваме со возбудливата Кенија, наближуваат часовите и крајот на нашето патување. Лет на релација Момбаса-Наироби.





Ден 7: Сафари, посета на Националниот парк ,,Цаво Исток”
Авантурата може да започне! Тргнуваме кон дивите и сончеви рамнини на Националниот парк ,,Цаво Исток”. Ако до сега не сте ја испразниле меморијате во телефоните, време е да го направите тоа! Бројот на величенствени фотографии кои ќе сакате да ги направите е бесконечен. Глетката на слоновите како се валкаат низ црвената прашина, се тркалаат и прскаат едни со други со водите на реката Галана, една од најевокативните слики во Африка! Заедно со висорамнината Јата долга 300км, најдолгиот тек на лава во светот, создаваат приказна која не е слична на една друга на светот. И не е чудо за разновидноста и многубројноста на дивиот свет со оглед на фактот дека Цаво зафаќа површина од 13.747км2, прогласен за најголем и најстар национален парк во Кенија! Запамтете, животните слободно се движат во своето природно окружување на само неколку метри од нас! По возењето во нашите сафари џипови, нашите возачи нè носат на ручек во еден од најпознатите ресорти на територија на цела Кенија, а по ручекот се упатуваме кон нашиот уникатен хотел, загарантиран ,,experience once in a life”. Како ви звучи ако ви кажеме дека под вашата тераса слободно шетаат групи слонови, зебри, мајмуни? Дека понекогаш навечер се слушаат крици и викотници од животни? Време е за одмор, вкусен оброк и ексклузивни фотографии. Ноќевање.
**Напомена: Факултативниот излет трае 2 дена. За таа цел, препорачуваме рачен багаж во кој ќе може да ги спакувате сите потребни работи предвидени за овие два дена. Од безбедносни причини, Salt Lick Safari Lodge не дозволува сместување на деца на возраст под 5 години.







Ден 8: Сафари, Национален парк Цаво Исток и Таита Хилс
Подготвени ги чекаме нашите возачи за уште една адреналинска прошетка меѓу дивиот свет на Африка. Добредојдовте во ,,театарот на дивината”! Одиме на Сафари на изгрејсонце! Зошто е тоа препорачливо и популарно?! Активноста на животните е поголема, температурата е поумерена, појасна видливост и светлина што создава одлични услови за фотографии, помалку туристи, почеток на денот во природата, свежиот воздух и енергијата на природата, растенијата покриени со роса … даваат целокупно магично искуство. По утринското сафари, се враќаме во хотелот на појадок. Додека одмарате и го пиете вашето кафе со поглед кон дивината, милувајќи ве топлото ветре и зраците на срамежливото сонце, испишувате нови спомени во прекрасната Кенија. Време е за check-out и посета на infinity pool сместен директно во Националниот парк! Совршен ден на сафари! Враќање во Момбаса. Лет на релација Момбаса-Наироби.
Во вечерните часови, во зависност од апетитите на групата, можност за излегувања во ноќните клубови, дискотеки, барови и ресторани.
Превоз
Авио билет со сите такси на релација Момбаса-Наироби, во економска класа







Ден 9: Наироби
- Факултативен излет - Центарот на жирафи и имотот на Карен Бликсен
По појадокот, ден предвиден за главниот град Наироби. Тргнуваме кон ,,Центарот за жирафи” каде од прва рака ќе имате можност да го запознаете загрозениот вид жирафи ,,Rothschild”. Ги набљудуваме овие нежни животни и влегуваме во интеракција со нив, ги храниме, ги галиме, се фотографираме итн… По времето поминато со жирафите, одиме на имотот на Карен Бликсен. Данската писателка дошла во Кенија во 1914 година и започнала да води фарма за кафе во областа наречена Карен во Наироби. Фармата која ја поседувала и управувала до 1931 година, била многу важна за нејзиното лично искуство и за нејзиниот писателски опус. Нејзиниот живот на фармата бил исполнет со радости, но и со големи предизвици. Климата, која понекогаш била многу сурова за одгледување кафе, нејзините односи со работниците и се разбира, нејзиното лични трагедии ги обогатиле нејзините наративи и подоцна ќе влијаеле на нејзините писма и книги. На имотот ќе имате можност за ручек и за сите љубители, свежо точено пиво. Слободни часови за одмор во хотелот и подготвување пред патување.







Ден 10: Враќање и крај на патувањето
- Лет од Наироби до Истанбул во 03:35 часот (ТК 0638)
- Пристигнување во Истанбул во 10:25 часот по локално време
- Преседнување на лет за Солун во 19:00 часот (ТК 1893) по локално време
- Пристигнување во Солун во 20:25 часот
- Крај на патувањето
Превоз
Авио билет со сите такси на релација Солун – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со
1 x 8kg рачен багаж со максимални димензии (23 x 40 x 55cm) и 2x23 kg чекиран багаж
Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Наироби (Turkish Airlines), во економска класа со
1 x 8kg рачен багаж со максимални димензии (23 x 40 x 55cm) и 2×23 kg чекиран багаж
*Напомена: Бројот на лет и времето се подложни на промени и истите патниците официјално ги добиваат eден ден пред поаѓање.
Цени и услови
Сместување
Mokka City Hotel 4*/ Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space 4*
Што е вклучено во цената ?
- Комплетна организација и услуги од претставникот на дестинацијата
- Авио билет со сите такси на релација Солун – Истанбул/ Истанбил- Наироби (Turkish Airlines), во економска класа со 1 x 8kg рачен багаж со максимални димензии (23 x 40 x 55cm) и 2x23 kg чекиран багаж
- Авио билет со сите такси на релација Наироби – Истанбул/ Истанбил- Солун (Turkish Airlines), во економска класа со 1 x 8kg рачен багаж со максимални димензии (23 x 40 x 55cm) и 2x23 kg чекиран багаж
- Сместување во двокреветни соби на база 3 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотел Mokka City Hotel 4⭐ (по локална категоризација) во Наироби, Кенија
- Сместување во двокреветни соби на база 5 ноќевања со појадок (континентален појадок) хотел Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space со 4⭐(по локална категоризација) во Момбаса,Кенија
- Сместување во двокреветни соби (1 ноќевање на база полн пансион) во хотел Salt Lick Safari Lodge со 5⭐(по локална категоризација) во Националниот парк Цаво Запад, Кенија
- Сите трансфери од аеродром до хотел, од хотел до аеродром и меѓу градовите по планот и програмата на патување
ПРОМО Цена
до 25.04.2025РЕГУЛАРНА Цена
сВо цената НЕ е вклучено
- Интерен авионски билет со сите такси на релација Наироби-Момбаса/ Момбаса-Наироби во економска класа (190€ по патник) за патниците кои не одат на факултативниот излет островот Ламу
- Интерен авионски билет со сите такси на релација Наироби-Момбаса/ Момбаса-Наироби во економска класа (110€ по патник) за патниците кои не одат на факултативниот излет островот Ламу
- Доплата за еднокреветна соба
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети и влезници (такса $40 по особа во конзерваториумот Salt Lick Safari Lodge)
- Меѓународно патничко-здравствено осигурување
- Виза за Кенија ($35 и истата ја вадиме online, без дополнителни трошоци за посредување)
- Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро.
При пријавување се уплаќа депозит 60% од цената на аранжманот. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 45 денa пред поаѓање. Поради интерниот авионски лет на релација Наироби-Момбаса-Наироби, потребна е уплата од 190€ при резервација на патувањето. - Потребно е вашата патна исправа да има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање од патувањето и да има најмалку две празни страници. По купување на авио билетите, средставата за истите е невозможно да се рефундираат и во тој случај важат условите на авиокомпанијата.
- НАПОМЕНА: Постои можност за поаѓање и враќање на аеродромот во Скопје, со доплата од 200€ по патник на основната цена на аранжманот
- Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на патувањето
Факултативни излети:
- Кенија – пакет излети – 150€
- Островот Ламу – 400€
* Во цената Кенија – пакет излети влегуваат:
– Mombasa Tusks + Diani Beach
– Центарот за жирафи и имотот на Карен Бликсен
*Напомена: Факултативниот излет ,,островот Ламу”, не влегува во цената на ,,Кенија – пакет излети”
*Поради ограничениот број места и интерните локални летови, потребна е пријавата на факултативни излети да ја извршите писмено на email, најдоцна една недела по пријавата за патување.
1. Факултативен излет- Mombasa Old Town и Diani Beach (Кенија – пакет излети) - 150€
Mombasa Old Town, град полн со свахили, арапски, португалски, британски и азиски доселеници, мешавина од свахили, колонијални португалски стилови, модерна исламска архитектура и тоа сѐ на едно место! Се фотографираме и дознаваме од што се направени и што симболизираат прочуените Mombasa Tusks познати како Pembe Mbili (слонови заби), а по интересната историја и прочуените знаменитости се упатуваме кон плажата со свилен бел песок, топли тиркизни води и улички обложени со палми. Која ако не Diani Beach! Плажата Диани, долга околу 17км, ја носи титулата на ,,една од најголемите дестинации за водени спортови во Источна Африка”. Скијање на вода, кајак, сурфање, веслање, нуркање- без оглед на вашите вештини и искуство, сигурни сме дека ќе најдете по нешто да искусите, да се забавувате и да фотографирате без разлика дали тоа ќе бидат профи или само кул фотки. За нашите туристи предвидено време за плажа, капење и слободни активности, а за нашите авантуристи можност за јавање камили на плажа, возење ,,jet ski”, kitesurf итн. Уникатниот бел песок што ја краси прекрасната плажа, е заслепувачки бел и ултра-фин, кој за време на осека, може да се протега и до 150 метри. Совршен ден низ прекрасната Кенија!




2. Факултативен излет - Центарот за жирафи и имотот на Карен Бликсен (Кенија – пакет излети)
Центарот за жирафи
Ќе уживате во глетките на највисоките животни кои талкаат по планетата Земаја, со посета на Центарот за жирафи во Наироби. Главната цел на центарот е да ја обезбеди загрозената жирафа ,,Rothschild”, за која е откриено дека шета слободно низ ливадите на Источна Африка. Ги набљудуваме овие нежни животни и влегуваме во интеракција со нив. Можете да ги допирате, да ги храните, па дури и да ги бакнувате. Фотографии и неверојатни спомени, искуство плус кое го доживувате само во Африка и ни на едно друго место!




Имотот на Карен Бликсен
Karen Blixen Coffee Garden & Cottages се наоѓа на поранешната плантажа што му припаѓала на славното семејство Бликсен, познато по приказната Out of Africa. Распространет на 5 акри земја, овој прекрасен имот се одликува со стогодишни дрвја, бујни градини и стотици различни сорти на расцутени цвеќиња, како и богата популација на птици. Мир, спокој, природа, вкусен оброк и уникатни кригли свежо точено пиво, идеал за совршен одмор!







3. Факултативен излет- Афричката Мека ,,островот Ламу’’ – 400€











4. Tsavo East National Park (вклучено во цената)
Националниот парк Цаво Исток е најстариот национален парк во Кенија и најголем национален парк во земјата со површина од 13.747км2, сместен во полусушната област на познатата пустина Тару. Националниот парк се наоѓа југоисточно од главниот град Наироби, на оддалеченост од 250км. Граничи со Tsavo West National Park, кој беше дел од Tsavo East NP пред изградба на патот А109 заедно со железничката линија што ја поврзува внатрешноста на Кенија со крајбрежните области. Паркот може да се пофали со најголема популација на слонови во Кенија и има впечатлива глетка која треба да се совпадне со убавините како реката Галана, The Yatta Plateau (најдолгиот тек на лава во светот), браната Дам, водопадите Лугард, карпата Муданда (розово-црвена карпа, со значителни парчиња природни скали), мочуриштето Кандери итн.
Големата петорка
Во 19от и почетокот на 20от век, сите, почнувајќи од Европските кралски семејства, па до американските претседатели, сакале да понесат Африкански ловечки трофеј. Колку е поголем и понепредвидлив ѕверот, толку подобро. Токму и од таму, доаѓа името ,,голема петорка” поради предизвикот да се улови некое од овие животни пешки.
Лавот претставува врвен предатор и втора најголема мачка во светот. Овие животни, живеат во групи и имаат потреба од контакти едни со други. На пример, лавовите се поздравуваат со триење на главите едни со други, разменуваат мириси со кои пренесуваат информации за нивните намери, расположенија и неодамнешни активности. Ловот се врши претежно ноќе, бидејќи лавовите може да гледаат во темнина. Сепак, ловот не е само ноќе, така што нивното најактивно време е непосредно пред изгрејсонце и веднаш по зајдисонце. Рикот на лавот може да се слушне на оддалеченост од 8км, овозможувајќи да комуницираат едни со други на големи растојанија. Поголемиот дел од времето го поминуваат во спиење и можат да спијат и до 20 часа на ден!
Леопардот е ноќен, осамен и таинствен, останува скриен во текот на денот. Од ,,големата петорка”, најтешко е да се види леопард. Овие животни избегнуваат меѓусебна интеракција, освен парење и одгледување на младенчиња. Леопардите се одлични во качување по дрвја и својот плен го штитат на дрво за да ги спречат лавовите и хиените да го украдат. Тие се силни пливачи и повремено јадат риба и ракови. Леопардите може да влечат плен со тежина до трипати поголема од нивната телесна тежина на дрвја високи над 6 метри. Леопардите не рикаат, тие лаат и ’ржат. Кога се среќни, дури и мрчат. Она што ги прави уникатни е дека тие се најприлагодливите мачки, односно може да се прилагодат на пустини, шуми итн.
Носорогот е најзагрозениот вид од големата петорка. Рогот на носорогот не е прикачен на неговиот череп. Ако се откине, повторно ќе порасне. Белиот и црниот носорог немаат заби и затоа се потпираат на нивните усни за јадење. Носорозите имаат слаб вид и понекогаш случајно напаѓаат дрвја и карпи. Сепак нивниот слух и сетило за мирис се одлични, па често го надополнуваат нивниот слаб вид.
Африканските слонови комуницираат на големи растојанија на ниска фрекфенција што луѓето не може да ја слушнат. Под жешкото сонце во Африка и слоновите горат. Тие фрлаат песок на грбот и главите за да спречат изгореници од сонце и да ги држат на страна инсектите од нивната кожа. Иако нивната кожа е неверојатно цврста, тие можат да ги почувствуваат инсектите како одат по нивната кожа. Слоновите сакаат да пливаат и се способни да пливаат на големи растојанија, а сурлите им служат како импровизирана цевка за ,,snorkeling”. Сурлите ги користат за грабање, капење, мирис и пиење и може да собере нешто мало како зрно ориз.
Африкански бивол. Се вели дека биволите убиле повеќе ловци во Африка од кое било друго животно. Тие се уште убиваат над 200 луѓе секоја година, здобивајќи се со прекарот ,,Black Death” и ,,Widow Maker”.














