ЗАНЗИБАР 2025

Вашата Следна Незаборавна Дестинација!

Спремни сте за островот кој никогаш нема да го избришете од вашите сеќавања?

Највисоката сезона на Занзибар !

Остров на зачините, на позитивата, на танцот и музиката и фантастичната енергија! Остров од соништата! Палми, плима и осека, кокоси, преслатко манго и ананаси, лобстер, туна и лигњи на скара, Kili пиво, бескраен тиркиз и нереално ситен, мек песок често поистоветуван со брашно, енормниот Дар ес Салаам – најголемиот град во Источна Африка, а за сите љубители и по некоја савана, крици и викотници од предатори и големата петорка (лав, леопард, носорог, слон и Африкански бивол). Ви личи на тропски остров? На далечно, несекојдневно патување? Каде ако не на Занзибар!

Каде ве сместуваме ?

Amaan Beach Bungalows ***

Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично со она што го пружа. Amaan Beach Bungalows Nungwi е хотел со 3 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со соби со сопствен тоалет, клима уред, балкон итн. Хотелот се наоѓа во прв ред од редот хотели, а располага и со надворешен базен, сопствени лежалки и чадори, ресторан, бар, масажи итн. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

План и програма

Ден 1: Состанок на групата и поаѓање

Информации за патување : 20.01.2025 - 28.01.2025

Состанок на групата пред шалтерите на Turkish Airlines (economy class) на Меѓународниот аеродром ,,Makedonia” во Солун

*Напомена: Бројот на лет и времето се подложни на промени и истите патниците официјално ги добиваат една недела пред поаѓање.

Информации за патување : 12.02.2025 - 20.02.2025

Состанок на групата пред шалтерите на Turkish Airlines (economy class) на Меѓународниот аеродром Скопје.

*Напомена: Бројот на лет и времето се подложни на промени и истите патниците официјално ги добиваат една недела пред поаѓање.

Ден 2: Пристигнување на Занзибар

Слетуваме на Меѓународниот аеродром ,,Abeid Amani Karume” во Занзибар во 03:25ч. по полноќ и трансфер до сместувањето. Во хотелот во Занзибар ја плаќаме и претходната ноќ што значи веднаш по слетувањето се упатуваме кон хотел и се сместуваме.

Слободно време наменето за уживање на нашата плажа во Нунгви. Слободни активности, капење, можност за скијање на вода, парасејлинг, бордање на вода, кајт сурф, ловење риба во длабоки води итн … пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата. Во вечерните часови, во зависност од апетитите на групата можност за излегување во некои од прочуените ресторани, барови, дискотеки итн…

Ден 3: Факултативен излет – песочниот насип Нјанге, наш фотограф, Prison Island и пешачка тура низ Стоун Таун

Одиме на Nyange Sandbank, познат и како Nakupenda Bis!
Накупенда, на нивниот Swahili јазик значи ,,Те сакам”. Ова не е класичната Накупенда, ова е нашата Накупенда плус еден. Ако Накупенда беше најромантичното, Nakupenda Bis е најромантичното плус еден, најспокојното место на светов. На оддалеченост од 30-40мин. од градот, Nakupenda Bis има една од највпечатливите плажи во Занзибар и воопшто на територија на цела Африка! Нејзината спектакуларна плажа се простира низ широкиот брег на Индискиот океан, фалејќи се со прекрасен бел песок и бистри сини води. Нема подобро место во Африка што ви гарантира и ви ја потврдува вредноста на вашите вложени пари, баш како што би рекле ,,Е ова, вреди”. Се дружиме, пиеме ладно Kili пиво доколку сте обожаватели на пиво, а за љубители на морски плодови, можност за морски плодови на скара (чинија полна лобстер, туна, лигњи, ракчиња, октопод, помфрит, салата). Совршени фотографии за кои ќе се погрижи нашиот фотограф и ќе ви помогне да имате најдобра фотографија од најдоброто место, бескраен мир, приватност, вкусна храна, добри луѓе и убава атмосфера, идеал за совршен одмор.
     Следната станица ни е Prison Island. Остров кој ги спојува историјата и природата. Ќе имате можност да ги откриете мистериите на островот, почнувајќи од неговите имиња. Островот е дом на џиновските желки Алдабра, кои кога целосно ќе го испружат вратот од под школките и ќе го подигнат нагоре, достигнуваат висина до половината на возрасен човек. Ќе имате можност да ги храните, да се фотографирате, па дури и да научите ,,финти” како да успеете да исправите една мрзелива, легната желка.
     Продолжуваме со излетот на кој понираме во историјата на Занзибар, град на УНЕСКО од 2000та  година. Ја посетуваме Старата тврдина (Old Fort), “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар и која прва во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт, однадвор ја посетуваме куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел, Музејот на робовите, Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира, мирис на риба, бука, ценкање, жени со садови врз главите итн…

Вечераме во некои од прекрасно уредените ресторани во Стоун Таун, а ќе имате можност да го пробате и занзибарскиот специјалитет ,,Zanzibar pizza” и ,,Sugar Cane Juice”- сок од шеќерна трска. По факултативниот излет, трансфер до Нунгви. 

Ден 4: Факултативен излет - Училиштето во Фукучани, Сината Лагуна и морските ѕвезди, Baladin Resort 5*

На пат кон Сината Лагуна, застануваме во посета на училиштето во Fukuchani, каде ќе доживеете коктел од емоции. Ќе имаме можност да видиме како изгледа Swahili градинка, како учат дечињата, на која возраст се, колку ученици брои една паралелка, како изгледа нивната настава итн. Она што го прави човекот посебен, е неговата човечност, добродушност и дарежливост. За сите Вас, кои сте расположени и спремни да направите нечиј ден посебен супер би било доколку понесете по некоја тетратка, прибор, играчка, бонбони или нешто, што мислите дека би го израдувало едно дете. Ќе имате прилика директно да ги врачите вашите подготвени работи, да се дружите, да пеете, па дури и да се фотографирате со најмалите ученици.

Пристигнуваме на плажата Pingwe. Фото стоп пред светски познатиот, а воедно и најпознатиот ресторан на Занзибар- The Rock Restaurant, на листата на Michelin Star Restaurants! Започнуваме со пливање по познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon), земаме опрема, маска и цевка за нуркање и го разгледуваме подводниот свет на островот. Црвени, зелени, портокалови, виолетови, сиви се само дел од морските ѕвезди кои стојат прилепени на океанското дно, но она што е фасцинантно е дека тие се на дофат по само кратко нуркање! Доколку имате гумени/платнени сандали за во вода и камерче GoPro ова е вистинско место да ги искористите! Се фотографираме, се капеме, нуркаме, совршено искуство меѓу купот морски ѕвезди и прекрасниот тиркиз! Google photos и Instagram reels, сега се реалност! По нашата авантура, време е за релаксација!

Многумина кога помислуваат на Занзибар, мислат токму на ова. Сместен на бреговите на полуостровот Мичамви, со поглед кон блескавите сини води, Baladin Resort 5*, е вистинско засолниште на луксуз и релаксација. Гостите може да уживаат во вкусните оброци во ресторанот, да се релаксираат со освежителен пијалок во барот и да уживаат во сонцето додека лежат околу базенот за време на нивниот престој. Ви нудиме уникатна и извонредна дестинација, недопрена плажа, гостопримство од светска класа, внимателно уреден декор, меѓународни кулинарски задоволства, елегантно и вистинско бегство на живописниот брег на Занзибар.

Ден 5: Слободен ден за уживање и сопствени активности (можност за еднодневно сафари)

Слободно време наменето за уживање на нашата плажа во Нунгви. Слободни активности, капење, можност за скијање на вода, парасејлинг, бордање на вода, кајт сурф, ловење риба во длабоки води итн … пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата.

** Во консултација со нашиот водич, имате можност за посета на еднодневно сафари во еден од националните паркови на Танзанија, во деновите предвидени за слободни активности. Ако до сега не сте ги испразниле телефоните и камерите, време е да го направите тоа! Бројот на величенствени фотографии кои ќе сакате да ги забележите е бесконечен. Лавови, група слонови, зебри, жирафи, крокодили, нилски коњи, леопарди, антилопи, африкански биволи – се само дел од животните кои слободно се движат во своето природно окружување на само неколку метри од нас. Африка како на Discovery! Во цената на сафарито се вклучени: повратен авионски билет со сите такси на релација Stone Town – Mikumi – Stone Town, сафари џип и лиценциран водич, ручек и пијалоци, влезница во националниот парк, владини и останати такси. Цената на сафарито не е вклучена во пакетот факултативни излети.

Ден 6: Факултативен излет – Паџе и бич барот ,,Kae Funk”

При посетата на Паџе, прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери. Доколку имаме среќа и пристигнеме за време на осека, ќе видиме како изгледа брегот кога водата се повлекува скоро километар од него. Ќе имате прилика да видите како изгледаат занзибарските барови, ресорани со бохо стилови, а ќе бидете и сведоци на уникатната африканска музика и танци. Водичот, ве носи во еден од најпознатите ресорти на Занзибар, каде ќе го поминете целиот ден на плажа, со одлична музика, дружба, племето Масаи, а ќе имате можност и да купите магнети, сувенири, марами, да јавате коњи на плажа и да направите плетенки доколку сте љубители. Локалните крави многу често ги посетуваат плажите на Паџе, така што не ја исклучуваме можноста да бидат дел од нашата авантура …

Посебно значење му придаваме на бич барот Кае Фанк каде го дочекуваме најцрвеното зајдисонце проследено со логорски оган и акробатско шоу. Се дружиме и учиме да ја танцуваме надалеку познатата ,,Јерусалема”, пиеме коктели, пива, се фотографираме, совршен ден на Занзибар. Полни со позитивна енергија се враќаме во сместувањето.

Ден 7: Факултативен излет - Mnemba Island (островот на Бил Гејтс) и нурќање со делфини

Ако некогаш сте мечтаеле за небесен тиркиз и песок помек и од брашно, веќе сте на вистинското место! Остров со приближно триаголна форма, опкружен со гребени прогласени за морско зачувано подрачје. Идеално место за нуркање со разни видови корали, риби- меѓу кои и Dory Fish (од прочуениот цртан филм ,,Рипчето Немо”) , јата делфини (3 видови делфини), водни желки, морски ѕвезди, итн…, а доколку ни се насмевне среќата ќе имаме можност и да сведочиме на природниот феномен на плима и осека додека се покриваат или откриваат песочните насини. Самиот остров е во приватна сопственотст и може да се посети само како гостин по цена од 1600$ по лице по ноќевање, плус дополнителни трошоци за такса по ноќевање во конзерваториумот.

По факултативниот излет кој се води како Half Day Trip, слободно време наменето за уживање на нашата плажа во Нунгви. Слободни активности, капење, можност за скијање на вода, парасејлинг, бордање на вода, кајт сурф, ловење риба во длабоки води итн … пиво, коктели, морски плодови, пространи палми, музика, дружба со локалците и ритам Хакуна Матата.

Ден 8: Слободен ден за уживање и сопствени активности и поаѓање за Дар ес Салаам

Појадуваме, правиме check-out и куферите ги оставаме во собата за багаж.
Со вас понесете средства за хигиена и облека која би ја носеле по пат, така што по завршувањето со плажа/базен ќе може да се подготвите за патување. Слободно време наменето за поздравување со нашата нова омилена дестинација.

Попладневен лет на релација Занзибар – Дар ес Салаам со времетраење од 15-20мин. По пристигнувањето на Меѓународниот аеродром ,,Julius Nyerere” во Дар ес Салаам, ден предвиден за уживање и активности кои ќе ги договорите со претставникот на дестинација. Во зависност од апетитите на групата имаме опција денот да го поминеме во најпознатиот бич бар во Танзанија. Барот нуди плажа, капење, забава, оброци и пијалоци, а она што го прави барот посебен е фантастичниот ентериер, музика, бенд, дј, денсери и присуството на разни Танзаниски селебрити. Вајбот на ова место е нешто уникатно, а вашата приказна ќе ја збогатите со едно посетено место плус, копно Танзанија!

** Претпочитаме авионски транспорт на релација Занзибар – Дар ес Салаам со некоја од локалните авиокомпании, но доколку капацитетот на летот е пополнет во тој случај користиме Fast ferry и времетраењето на бротскиот транспорт е 1h30min.

Ден 9: Враќање и крај на патувањето

Информации за патување : 20.01.2025 - 28.01.2025​

Информации за патување : 12.02.2025 - 20.02.2025​

Како изгледаат забавите и каде ве носиме ?

DAR ES SALAAM PARTY

Како изгледаат забавите и каде ве носиме ?

FULL MOON PARTY

Ве водиме на најпознатиот настан на Занзибар, фамозните Full Moon Party, забави на полна Месечина кои се одржуваат еднаш во месецот на кој настапуваат познати артисти, дј-и, денсери од Источна Африка и гостуваат илијадници туристи и локалци кои дошле дури и од соседните држави.

Загарантирано најлудите забави додека сте на Занзибар, проследени со африканска музика, танци и шоу кое започнува веднаш по полноќ. На кратко, овде како секој викенд да е 1ви април, односно изведувачите имаат подготвено различни маски, кореографии итн… Идеално место за перфектно да го доивеете африканскиот хаос во една дискотека.

COCCOBELLO

За повеќе информации, посетете го нашиот инстаграм профил mamaafrica_travel, каде ќе може да ја видите енергијата и вајбот на африканските забави.

Можност за еднодневно сафари во Националниот парк Микуми (one day trip by flight)

*цената на сафарито не влегува во пакетот факултативни излети и истата изнесува 380-400USD во зависност од бројот на заинтересирани патници. Овој факултативен излет може да го изведете на деновите предвидени за слободни активности.

Цени и услови

Што е вклучено во цената ?

BLACK FRIDAY

Цени за датум 20.01 - 28.01.2025

BLACK FRIDAY Цена

21
999
  • Втор датум - важи до 30.08.2024
ПОПУЛАРНО

РЕГУЛАРНА Цена

с
1349
  •  

Цена за датум 12.02.2025 - 20.02.2025

Цена на аранжманот

с
1349
  •  

Во цената НЕ е вклучено

– Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро. Во моментот на резервирање на вашето патување, потребно е да ја пополните Пријавата за патување која може да ја најдете на веб страната https://mamaafrica.mk/ 
– Потребно е вашата патна исправа да има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање од патувањето и да има најмалку две празни страници.
– По купување на авио билетите, средставата за истите е невозможно да се рефундираат и во тој случај важат условите на авиокомпанијата.
– Според новата политика на Владата на Занзибар, која стапи на сила од 01.10.2024 година, сите странци (освен жителите) кои влегуваат во Занзибар, ќе се бара да имаат задолжително Влезно патничко осигурување кое ќе обезбеди 92 дена покриеност за времетраењето на нивниот престој. На патниците без Влезно патничко осигурување, ќе им биде одбиен влез во земјата. Полисата за задолжително Влезно патничко осигурување мора да се купи само преку ,,Zanzibar Insurance Corporation”, односно ја купувате онлајн при влез на следниот линк  http://www.visitzanzibar.go.tz и истата чини 44$. По завршување на трансакцијата со осигурување, ќе ви биде дефиниран QR-код и ќе ви биде испратен од Zanzibar Insurance Corporation преку е-пошта, а од вас ќе биде побарано да го претставите QR-кодот што е дефиниран за вас, при влез во Занзибар.
– Вакцина против жолта грозница не е задолжителна, но ако веќе сте ја примиле понесете ја потврдата со Вас. Оваа вакцина не е задолжителна, ниту на Занзибар има опасност од заболување со Yellow Fever. Што се однесува до маларија, Занзибар, според Светската Здравствена Огранизација има статус на pre-elimination зона, што значи инциденца помала од 1 на 1000 луѓе. Практично, на Занзибар, до сега не сме забележале случај со маларија.

ВНИМАВАЈТЕ, бројот на патници е ограничен !

Факултативни излети:

Занзибар – пакет излети (250$)

Факултативни излети вклучени во цената:

Практични информации:

* Официјална валута на Занзибар и во Танзанија е Танзаниски шилинг (TZS), па така може да плаќате во шилинзи или во долари, важно е вашите долари односно банкноти да бидат од 2009 години и понови.

* Картички може да се користат, но во ретки случаи и вообичаено за плаќање со картичка има дополнителна провизија од 2-5% на целата сума.

* Како да пресметате шилинзи во долари?
пример: 35.000 TZS : 2700 = 13 USD

* Вакцина против жолта грозница (Yellow Fever) не е задолжителна, но ако веќе сте ја примиле понесете ја потврдата/ Сертификатот со вас. Исто така, до сега не сме забележале случај на маларија во Занзибар.

*Временската разлика меѓу Занзибар и Македонија е еден или два часа, во зависност од летно/зимско сметање на времето.

*Што и да купувате, ценкајте се!!!

Се надеваме дека сте спремни и подготвени за уникатната Африка. Сакаме да уживате на Занзибар и да бидете авантуристи, а не само туристи. Да го истражите овој прекрасен дел од светот, со себе да понесете еден тон импресии за кои ќе раскажувате надалеку, а и ќе бидат дел од вашите сеќавања како одмор од соништата со многу позитивна енергија и токму факултетските денови ќе ги паметите по ова незаборавно патување. Овој остров несомнено ќе ги избрише сите ваши грижи и ќе ве натера да сфатите дека навистина малку треба за да се биде среќен, дека секој ден е еден ден помалку, а не повеќе, дека поспоро е подобро одколку побрзо.

SAFARI NJEMA! (Have a good trip) 😊

Scroll to Top